"Првпат по 2007 година Македонија успеа да влезе во финалето на европскиот музички натпревар-Евровизија. Пејачката Калиопи на вчерашната пресконференција изјави дека е многу среќна за себе и за својата земја што конечно по цели четири години успеа да ја пласира Македонија во финалето. Таа исто така ја отпоздрави и легендата на евровизискиот натпревар, првата победничка на Евровизија, Лиз Асиа, која ги крена сите присутни во салата на нозе да ја отпоздрават со огромен аплауз. Калиопи исто така се заблагодари и на својот поранешен сопруг, Ромео Грил, со заклучокот дека и е мило што останала пријателка со него, бидејќи тој е композиторот на песната „Црно и бело". Македонија на финалето кое ќе се одржи утре ќе настапи 22 по ред, а од соседните балкански земји ќе настапат Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, како и Грција. " Теги:newsвестиkaliopimacedoniaeurovisionmakedonijaкалиопи
Представьте себе отпуск вашей мечты или роскошный автомобиль, путешествия . Представьте себе, немного другой реальности и все это возможно с MonaVie .. Теги:монавиасиа